501
Најлесен рецепт за вкусен пудинг полн со протеини.
Состојки:
– 100 мл млеко по избор
– 1,5 лажици чиа семе
– 1 лажица мед од јавор
– 1 лажичка какао
– овошје по желба
Подготовка:
Измешајте ги чиа семето со млекото и оставете го да набабри околу 15 минути.
Потоа убаво измешајте ја смесата, додадете какао и течен засладувач и оставете ги уште десетина минути да се соединат вкусовите.
Можете да го направите ова претходната вечер и да го ставите во фрижидер преку ноќ.
Чоколадниот чиа пудинг послужете го со јогурт по избор и боровинки или парчиња од некое друго овошје.