Сцената со физичката пресметка меѓу сестрите Ким и Кортни Кардашија привлече најмногу внимание во новиот тизер за реалното шоу Keeping Up With The Kardashians. Меѓутоа, анонимен извор сега тврди дека таа сцена е лажирана за да се создаде драма во шоуто.
„Навистина не ексалираше во било што друго остввен во шоуто и Ким всушност не ја удри Кортни со рака. Се е преувеличено поради телевизијата и за да се креира драма“, рекол извор за The Sun.
„Тие всушност не се мразат и нивната мајка Крис никогаш не би си дозволила тие да бидат навистина насилни. Понекогаш се расправаат бидејќи Кортни е љубоморна на Ким како поуспешно и вистина е дека Ким смета дека Кортни не дава тежина во ова шоу“, објавил изворот.
Нетрпеливоста меѓу сестрите прв пат се појави на крајот на минатата сезона кога Кортни објави како сака да се повлече од серијалот и да помине повеќе време со своето семејство.