Протест каков што не сте виделе досега: Еден километар ПРАЗНИ КРИГЛИ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Сопствениците на ресторани и пабови во Прага поставија кригли пиво со свеќи запалени внатре во нив долж еден километар, во знак на протест против ограничувањата наметнати од владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Долга низа чаши за пиво беше поставена на тротоарот помеѓу историскиот центар на главниот град на Чешка и седиштето на Владата.

„Тука сме затоа што сме навистина очајни и на работ, физички и психички“, изјави Јиржи Јанечек, организаторот на настанот, пренесе „Франс прес“.

Сопственикот на пабот Мали Јанек јужно од Прага ја осуди одлуката на владата да ги затвори рестораните донесена три пати од март до сега.

„Владата започна многу поубиствена пандемија, пандемија на сиромаштија, невработеност и колапс на компаниите“, рече тој, критикувајќи ја малата државна компензација.

Чешката влада, соочена со нов скок на бројот на инфекции, ги затвори рестораните, пабовите и баровите непосредно пред Божиќ и им беше дозволено да продаваат само храна за носење.

Рестораните во Чешка, познати по најголемата потрошувачка на пиво по глава на жител во светот, беа затворени за време на првиот бран на епидемијата во пролетта, а потоа и во поголемиот дел од есента.

Чешка, со 10,7 милиони жители, од март досега забележа 747.000 потврдени случаи на Ковид-19 и над 12.000 смртни случаи.

Слични содржини