Протест на ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски порача крај на погубните политики, Николовски бара обединетост во битката

206 прегледи

ВМРО – ДПМНЕ и денеска на протест во Скопје со автомобили пристигнаа пред Владата. Опозицијата повика на обединетост, за како што велат, да престане распродажбата на македонските национални интереси од страна на премиерот Зоран Заев.

И денеска ВМРО – ДПМНЕ побара оставка од Заев. Како главна причина, според опозицијата, зошто земјава не започнала преговори со ЕУ е корупцијата и криминалот.

„ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија.Оставка“.

Со овие зборови инаку, ВМРО-ДПМНЕ го најави протестот кој вечерва се одржа во Скопје.

Христијан Мицкоски, кој ја предводи опозицијата во овој протест, уште еднаш порача дека ќе продолжат да протестираат додека Заев не поднесе оставка и не дојде крај на неговите како што вели тој, погубни политики.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Заев ќе се обиде пак да потпише сличен договор за една недела, за две недели, за еден месец или по изборите во Бугарија и затоа народот треба да биде цврст и да биде сплотен.

„Да продолжиме да сме обединети, да сме цврсти и заеднички да ја избиеме оваа битка.Затоа што ова е само почетокот, ќе се обидат пак за една недела, за две недели, за еден месец или како што Заев вели, после изборите во Бугарија кои што се во месец март ќе се обидат пак и затоа треба да сме цврсти, обединети и сплотени, да не има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија. Да ја чуе секој еден кој што сака да не слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата.Затоа што како што рекол славниот водач на Илинденското востание, човекот радо виден по европските дворови, човекот кој што на ВМРО му помогна да има интернационална признатост и познатост Борис Сарафов во едно свое познато интервју „Ние не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ами просто Македонци“ и затоа треба тој аманет од Борис Сарафов 120 години подоцна заеднички да го одбраниме“, рече Николоски.

 

Слични содржини