Протест против карантинот: Властите во Мелбурн уапсија повеќе од 70 лица

од Берта Китинска

Властите во Мелбурн уапсија повеќе од 70 лица за кршење на прописите за останување во домовите, за време на протестот против рестриктивните мерки наметнати заради борба против Ковид-19 во земјата. Некои луѓе беа уапсени по судирите со полицијата на локалниот пазар.


Околу 250 лица присуствуваа на протестот, кој не доби дозвола од надлежните органи и беше организиран преку социјалните мрежи.

Демонстрантите ги игнорираа забраните за собири на отворено и побараа да се укине карантинот во вториот по големина град во Австралија.

Во судирите со полицијата, покрај 70-те уапсени, има и 176 лица кои биле парично казнети поради закани кон полицајци.
Вооружени групи граѓани како „Кеноша Гард“ сега патролираат со панцири и маскирни одела, а на социјалните мрежи можат да се видат снимки како полицајците им се заблагодаруваат и ги снабдуваат со вода.

Слични содржини