ПРОТЕСТ „УКА, БУКА. НИКОЛА, СЛУШНИ ГИ БОМБИТЕ И ОДИ СИ!“

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Коалицијата Граѓаните за Македонија, ги повикува сите граѓани и граѓанки, во четврток, на 2 јули, во 18 часот, масовно да дојдат пред резиденцијата на Груевски, за уште еднаш бучно и громогласно да му порачаме: „НИКОЛА ОДИ СИ!“

 Protest - Nikola slusni gi bobmite i odi si

Ги потсетуваме граѓаните и овој пат, со себе да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети кои создаваат бучава, за Груевски да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди.

Ние, граѓаните, громогласно ќе му кажеме на Груевски дека не сме ги заборавиле неговите злодела и криминали, за кои тој и неговата тајфа ќе мора да одговараат, а и него ќе го потсетиме на клучните телефонски разговори (бомбите) што досега ги презентираше опозицијата.

За таа цел, за време на протестот, под мотото: „Се сеќаваш ли на овие разговори? Граѓаните се сеќаваат и ќе те потсетат дека мора да си одиш!“, ќе бидат емитувани и клучните делови/разговори од бомбите.