Протест во Бугарија, се бара ослободување на Борисов

од Milan1
333 прегледи

Пред зградата на бугарската Влада денеска се одржа мирен протест за поддршка на Бојко борисов лидер на најголемата опозициска партија во земјата-ГЕРБ.

На приврзаниците на ГЕРБ им се придружија и пратениците од пратеничката група на оваа партија, кои побараа предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Сообраќајот во реонот на бугарската Влада беше блокиран, а имаше зголемено полициско обезбедување. Пред пладне протестот се пресели пред зградата на МВР.

Слични содржини