200
Демонстранти во Лондон побараа од британските власти да направат повеќе за да им помогнат на луѓето кои се соочуваат со зголемени сметки за основни услуги и други трошоци кои растат многу побрзо од нивните приходи.
Меѓу говорниците кои им се обратија на насобраните демонстранти беше и Френсис О`Грејди, генерален секретар на британскиот Конгрес на синдикати (TUC), организатор на протестот, објави „Гардијан“.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Стопирајте ја војната, а не социјалната помош“.