ПРОТЕСТИ НА ХАИТИ: Жителите му оддаваат почит на убиениот претседател

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Повеќе протести избувнаа денес во главниот град на Хаити, бидејќи недостигот на бензин ја зголеми загриженоста, а полицијата најави нови апсења откако атентатот врз претседателот Жованел Моиз ја втурна веќе разнишаната карипска држава во политички хаос.

Скоро сите бензински пумпи во Порт-о-Пренс се затворени, додека огромни колони автомобили се формираа пред неколкуте што сè уште работат, пренесува „Ројтерс“.

Жителите обвинуваат криминални банди кои контролираат клучни патишта за снабдување, но и продавачи на гориво на црниот пазар кои ја парализираат дистрибуцијата на гориво во најголемиот град на Хаити.

Една група демонстранти запалија гуми на улиците, кои останаа потивки од вообичаеното по атентатот на Моиз на 7 јули.

Во исто време, пред Националната палата, мала група луѓе се собраа на споменикот со цветни аранжмани, бели свеќи и знаме на Хаити на половина копје пред големата фотографија на Моиз.

Мојзе беше убиен во неговата резиденција, според властите, од единица атентатори, вклучително и 26 Колумбијци и двајца Американци со потекло од Хаити.

Слични содржини