Протести-Првата локална „бомба“ како и првата пушка во Куманово

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Високи претставници од централното раководство на СДСМ денеска  во 14 часот во Куманово ќе објават „бомба“, односно нови телефонски разговори, кои се продолжение на проектот „Вистината за Македонија“. ЌЕ имаат повеќе средби со стечајните работници, новинари и земјоделци.

kumanovo-protest-april1.jpg-640x320

-Членовите ќе остварат средби со луѓето во градски, приградски и рурални средини каде ќе разговараат за актуелната економско-политичка состојба-изјави портпаролот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Сашо Тодоровски.

Инаку утре со почеток во 18:30 часот симпатизерите и членови на СДСМ ќе започнат протестен марш, кој што ќе започне пред зградата на поранешен Комитет.

-Ја користиме оваа можност да ги поканиме сите граѓани што помасовно да ни се приклучат во давањето отпор на моменталната власт во Македонија, со цел да ја покажеме нашата храброст-додаде Тодоровски.

Маршот ќе го предводат претставници од централното партиско раководство, заедно со претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, градоначалникот и пратениците.

Слични содржини