Ѕвезди од шоу-бизнисот, политичари и активисти на различни движења се приклучија во маршот на илјадниците демонстранти, кои излегоа на улиците на Лондон да протестираат против “политиката на штедење” на владејачката Конзервативна партија, пренесе РИА Новости.
Автобуси со демонстранти од целата земја од рано наутро почнаа да пристигнуваат во британската престолнина. Протестната поворка започна околу пладне од зградата на централната банка во лондонското „Сити“ кон плоштадот пред парламентот. Организаторите велат дека се собрале 250 000 луѓе, а од полицијата не соопштуваат податоци за бројот на учесниците.