Групата „Феминистички колектив на мисли и акции“ вчера организирала протести во центарот на Приштина за поддршка на Палестинците.
Неколку десетици демонстранти носеле плакати на кои пишувало „Долу Израелскиот режим“, „Нашата слобода е нецелосна без слободата на Палестина“, „Не ја бомбардирај Газа“, „Против фашистичкиот шовинизам на Израел“, пренесува порталот „Зери“.
„Палестинскиот народ во источен Ерусалим во моментов се соочува со етничко чистење од страна на Израел. „Постојаното угнетување и насилство врз палестинскиот народ од страна на фашистичкиот Израел е кршење на основните права и слободи на луѓето насекаде и затоа мора да се спротивставиме на сите“, се вели во соопштението на организаторите.
Според пишувањето на медиумите, на протестот се приклучиле и некои политичари, како што е пратеникот на движењето Самоопределување Еман Рахмани, пренесуваТанјуг.