9
Протести за климата се одржаа на автопатот во близина на Хаг, а полицијата приведе околу 700 луѓе кои го блокираа патот, пренесува DutchNews.
Протестите се одржаа во саботата, при што полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите и го деблокираше автопатот А2 и околните патишта.
Вкупно околу 700 лица беа приведени и однесени со автобус до фудбалскиот стадион АДО Ден Хаг, каде што беа ослободени, додека 12 лица беа уапсени за други кривични дела, вклучително и поттикнување, и однесени во полициска станица на испрашување, според холандскиот портал.