
Аналитичарската фирма IDC излезе со интересна прогноза за пазарот на интернет на нештата (IoT). Извештајот го опфаќа периодот до 2025 година и се однесува на уреди како поврзани автомобили, уреди за паметен дом, мрежни камери за надзор и различни сензори со можности за размена на податоци преку Интернет.
Прогнозата вели дека до 2025 година бројот на поврзаните IoT уреди на глобално ниво ќе достигне 41,6 милијарди. Овие уреди заедно ќе произведуваат 79,4 зетабајти податоци (1 зетабајт е еднаков на 1 милијарда терабајти).
Според аналитичарите, обемот на информациите кои доаѓаат од IoT уредите ќе расте со просечно темпо (показател CAGR) околу 28,7% во периодот од 2018 до 2025 година.
Главниот проток на информации во сегментот на IoT ќе дојде од CCTV камери. Заедно со тоа постепено ќе се зголемува обемот на податоците од индустриска и медицинска опрема.