Провалник му се заканувал на Еминем дека ќе го убие

од Vladimir Zorba
318 прегледи

На почетокот на оваа година раперот Еминем пријавил кражба во неговиот дом во Детроит во полиција, наведувајќи дека провалникот се заканувал дека ќе го убие.

Американските медиуми деновиве пишуваат за нападот врз славниот рапер што се случи на почетокот на годината. Човек по име Метју Дејвид Хагс, упаднал во вилата на Еминем. Раперот првично помислил дека тоа е неговиот внук, но кога видел странец, вели тој, го прашал што прави во неговиот дом.

Хагс тогаш, како што тврди Еминем, рече дека дошол да го убие.

Адвокатот на Хагс ги демантирал овие тврдења, велејќи дека никогаш немало средба меѓу славниот рапер и обвинетиот.

Судењето на обвинетиот ќе продолжи на 28 септември, а тој е во притвор од моментот на апсењето.

Слични содржини