Прозрачна пеперутка ќе направи револуција во смартфоните

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Секој сопственик на смартфон или таблет, кому никогаш не му е здодевно додека е загледан во екрано, во одредени моменти има сончевата светлина. Црпејќи инспирација од природата, германски научници откриле потенцијално решение на проблемот – во транспарентните крилја на пеперутките од видот Greta oto, познати како пеперутки со “стаклени” крилја, пренесе сајтот Гизмаг.0000261697-article2

Истражувачите од Технолошкиот институт во Карлсруе биле заинтригирани како проѕирните крилја на пеперутките од видот Greta oto, кои ја населуваат Централна Америка, успеваат да одразуваат релативно мала количина светлина. Оваа способност им помага да станат “невидливи” за предаторите. Плитката стаклена површина одразува меѓу осум и 100 проценти од падната врз неа светлина, што во случајот со смартфоните и таблетите им отежнува на корисниците да видат што има на екранот.

За споредба – “стаклените” крилја на пеперутки од видот Greta oto одразуваат едвај помеѓу два и пет проценти од светлината која паѓа врз нив. Истражувачите утврдиле дека оваа слаба рефлективност се должи на неправилните наноструструктури со различна висина и распоред. ” За разлика од други природни феномени, кај кои правилните форми се приоритет, овие пеперутки се потпираат на хаотични форми, за да го постигнат посочениот ефект “, објаснуваат истражувачите. Германските експерти веруваат дека откритието може да најде апликација за развој на екрани со слаба рефлективна способност за паметни телефони, таблети и други уреди.

Љ.Ј.