Прв истополов брак склучен во Будва

од Берта Китинска
310 прегледи

Првиот истополов брак беше склучен во Општина Будва во Црна Гора, а секретарот за локална самоуправа, Милијана Вукотиќ Јелушиќ, за Вијести изјави дека станува збор за две млади жени од Балканот кои живеат и работат во странство.

Јелушиќ објасни дека тие се обратиле до Секретаријатот за локална самоуправа веднаш по стапувањето во сила на Законот за животно партнерство на лица од ист пол, на 15 јули.

Таа додаде дека за време на церемонијата, што се одржала во зградата на Општина Будва, на партнерите им биле презентирани правата и обврски во согласност со законот.

„Драго ни е што успеавме први да го имплементираме Законот за животно партнерство и им посакуваме среќа во нивниот заеднички живот“, рече Вукотиќ Јелучиќ.

Слични содржини