Прв метеорски дожд во 2024 година: „До 120 ѕвезди кои паѓаат на час“

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Метеорскиот дожд „Квадрантид“ ќе го достигне својот врв во текот на ноќта меѓу 2 и 3 јануари, а астрономите предвидуваат дека низ небото ќе поминуваат до 120 „ѕвезди кои паѓаат“ на час, објави прес-службата на Московскиот планетариум.

„Според прогнозите на Меѓународната метеоролошка организација, во шпицот на ноќта се очекуваат и до 120 метеори на час, што е 1-2 метеори во минута на ведро небо“, прецизираат астрономите.

Метеорскиот дожд ќе биде активен од 28 декември до 12 јануари, а најдобро може да се види од северната хемисфера.

Најдобро време за набљудување на метеорскиот дожд, според научниците, е во втората половина на ноќта, кога зрачењето е на највисоката точка над североисточниот хоризонт.

Врвот на „Квадрантид“ трае многу пократко од другите метеорски дождови, вкупно шест часа, пред нивниот интензитет брзо да се намали.

Слични содржини