441
Алекса Балашевиќ, синот на покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, за првпат се огласи по смртта на неговиот татко, споделувајќи еден од неговите спомени со него.
Имено, тој сподели фотографија со неговата мајка Оливера и татко му на Инстаграм, и остави емотивна порака.
„Кога станува збор за тебе, нема ни тага ни жалост… Само среќа и вечност. Едноставно е така“, напиша Алекса во описот на објавата.
Да потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари, на 67-годишна возраст, од последици на пневмонија.