179
Во Грција е откриен прв случај на вирусната болест мајмунски сипаници кај еден патник, покажуваат резултатите од првичните тестови, соопшти Националната здравствена служба.
Пациентот кој неодамна отпатувал за Португалија е во болница и е во стабилна состојба, се наведува во соопштението.
Примероците биле испратени за дополнителни тестови за уште една потврда.
Мајмунските сипаници е ретка вирусна болест слична на сипаници. Симптомите вклучуваат треска, главоболка и осип на кожата.
Фото: Godji10 / iStock / Getty Images Plus