Нигерискиот центар за контрола на болести (NCDC) соопшти дека едно лице починало од вирусот на мајмунски сипаници. Починал 40-годишен пациент која билапод надзор на лекар.
Се додава дека вирусот е откриен во девет сојузни држави, вклучително и главниот град Абуџа, а бројот на заразени се искачи на 21.
Последната смрт предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници во Нигерија е забележана во 2019 година.
Мајмунските сипаници се вирус кој се пренесува на луѓето од животни, а симптомите вклучуваат треска, осип и отечени лимфни јазли.
Ројтерс објави дека бројот на случаи на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница е зголемен во Англија, Шпанија и Португалија.
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во текот на викендот во Шпанија се регистрирани уште 22 случаи на инфекција, со што вкупниот број на заболени во таа земја се искачи на 120.
Според здравствените власти во Португалија, бројот на заразени во таа земја од 7 мај е зголемен за 22 на 96, а во Велика Британија за 71 на вкупно 179.