Прва автономна пратка со дрон во САД

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Во американското гратче Хоторн, Невада за првпат дрон достави автономно полна пратка.4734272

Извршниот директор на компанијата Flirtey, производител на дронови, Мет Свини изјави дека на 10-ти март летало кое летало по програмиран пат од околу 800 метри, успеало да достави пратка во нестанбен дел на градот.

Според Свини летот бил набљудуван од пилотот и експерти, кои по потреба требало да помогнат.

Пратката вклучувала флаширана вода, храна и лекови.

“Првата испорака на пратка од беспилотен авион во еден град е значително достигнување кое нè доближува до денот кога дроновите ќе испорачуваат пратки до вашата врата”, посочува Свини.

Гувернерот Брајан Сандовал ѝ честиташе на компанијата за “успешно извршување на првата во историјата на нацијата на автономна испорака во градот.”