Прва фотографија од „заробениот“ Ѓоковиќ на аеродромот во Мелбурн

од Nikola Popovski
194 прегледи

Маките на Новак Ѓоковиќ, првиот светски рекет на аеродромот во Австралија, од минута во минута продолжуваат.

Тенисерот слета во Мелбурн, каде треба да игра на Австралија опен на 17 јануари, но таму започнаа проблемите бидејќи граничната полиција ја прегледува неговата документација за медицинско ослободување.

На секој што сакал да влезе во Австралија без потврда за вакцинација против коронавирус, потребна е оваа документација.

Новак претходно добил навестување од владата на Викторија дека нема да добие виза за влез во таа земја, а потоа се појавија информации дека неговото барање за виза е погрешно.

Ѓоковиќ слета во Мелбурн, каде допрва треба да докаже дека неговата документација за медицинско ослободување е валидна.

Слични содржини