Прва Македонска Еспорт Лига во Dota 2

од Nikola Popovski
376 прегледи

Македонската Еспорт Федерација ја организира Прва Македонска Еспорт Лига во Dota 2.

Регуларниот дел од лигата се состои од седум кола. Официјлано лигата започнува со отворените квалификации на 08-ми мај 2022 година, а осумте најдобри тимови ќе имаат шанса да се натпреваруваат во регуларниот дел и плејоф-от од лигата каде што победничкиот тим ќе ја претставува нашата држава на Европското првенство.

Пријавите за отворените квалификации се затвараат на 07-ми мај во 16:00 часот а натпреварите ќе се одиграат на 08-ми мај со почеток во 16:00 часот. Доколку сакате да ја пријавите вашата екипа и сакате да сте дел од официјалните натпреварувања, тоа можете да го направите со клик ОВДЕ (https://forms.gle/Dot8LDKz2Dj1kSU18).

Пренос од отворените квалификации нема да има, но, регуларниот дел како и плејоф-от ќе биде пренесуван во целост на каналот на МЕСФ (https://twitch.tv/mesf_tv).