Прва објава на поранешната сопруга на Лечиќ по обвинувањата за силување

од Stefanija Kuzmanovska
510 прегледи

Водителката Нина Радуловиќ сподели серија фотографии на Инстаграм по повод десетиот роденден на нејзиниот син Лав, кој го доби во брак со актерот Бранислав Лечиќ. Ова е воедно и нејзина прва јавна објава откако нејзиниот поранешен сопруг беше обвинет за силување од страна на актерката Даниела Штајнфелд.

Нина и Бранислав се венчаа во октомври 2010 година по две години врска, а разводот следуваше во 2017 година.

Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување, за кое тврди дека се случило во 2012 година, во време кога Лечиќ сè уште беше во брак со Нина Радуловиќ. Бранислав Лечиќ поради тоа беше испрашуван во полицијата пред неколку дена.

На крајот од сослушувањето, Обвинителството издаде соопштение во кое се наведува дека тој целосно ги негирал наводите на Штајнфелд.

Слични содржини