Прва примена на строгиот закон во Австрија, 17-годишен возач возел со 198 км/ч, возилото му е одземено

од Milan1
67 прегледи

Во Австрија е на сила нов закон со кој се регулира безбедноста во сообраќајот. Од 1 март возачите во таа држава можат да ги загубат своите возила доколку направиле тежок прекршок. Сега таа законска одредба е активирана за прв пат и запленет автомобил оди на аукција.

17-годишниот возач возел со брзина од 198 км/ч на автопатот А1 во близина на Виена, каде дозволената брзина е само 100 км/ч. Младиот човек морал на лице место да ја предаде возачката дозвола, а автомобилот фолксваген пасат му бил одземен.

Со оглед на тоа дека тој е и сопственик на возилото, австриското правосудство одлучило возилото да го продаде на аукција. Иако младиот човек од областа Салцбург има можност да се жали, шансите за успех се мали. Сојузната држава во која е извршен прекршокот има право на 30 отсто од приходите. Останатите 70 отсто одат за австрискиот фонд за безбедност на патиштата.

Слични содржини