На Утринскиот брифинг Кремљ реагираше на испраќањето на авиони МиГ во Украина од две земји на НАТО.
„Борбените авиони испорачани во Киев ќе бидат уништени и нема да го промени текот на војната“, беше истакнато на конференцијата.
Да потсетиме, утринава словачката влада одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири авиони МиГ.
Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 авиони МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив се во оперативна состојба. Тие што работат ќе ги испратат а останатите ќе одат за резервни делови.