Прва трансплантација на пенис во САД! Еве кој е среќникот (18+)

од Vladimir Zorba
429 прегледи

Првата трансплантација на пенис во САД ќе биде извршена на војник кој се вратил од Авганистан, чиј полов орган е повреден за време на борбени дејствија. Хирурзи од Универзитетот “Џонс Хопкинс” во Масачусетс најавија дека за неколку месеци ќе земат орган од мртов донор и ќе го прикалемат на војникот, соопштува “Њујорк тајмс”.

20151208.zalntlchty
Министерството за одбрана на САД објави дека 1367 војници, претежно на возраст под 35 години, добиле повреди во пределот на гениталиите во периодот 2001-2013 година, главно поради експлозиви за време на борбени дејствија во Ирак и Авганистан.

Првата успешна трансплантација на пенис беше извршена минатата година во Јужна Африка. Таа беше извршена на 21-годишно момче, осакатен при церемонија за обрежување. Се очекувало тој да се опоравува по 2 години, но ова лето тој објавил дека неговата девојка е бремена.

Американските лекари се надеваат на сличен успех и со повредениот војник. Досега обиди за обновување на половите функции се правени преку калемење од други делови на телото, но за успешна ерекција морале да користат импланти, а се појавувале и бројни инфекции.

pee

Трансплантацијата на пенис ќе трае 12 часа, за време на кои хирурзите ќе ги поврзат нервите, вените и артериите од органот со оние на примачот. Очекувањата се нервите на војникот да израстат во туѓиот орган со по 2,5 см месечно како на крајот ќе закрепне сексуалната функција. Ветераните од војните се надеваат дека операцијата ќе помогне за лекување на повреди, кои биле непоправливи досега, и дека благодарение на постапката многу млади мажи ќе можат да имаат деца.