298
Еден маж го загуби животот во поплавите во Сиднеј, во недела на екстремни дождови што ја погодија источно-австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата денеска.
Неидентификуваниот маж е пронајден заробен во неговиот автомобил во северозападниот дел на градот, според полициското соопштение.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, изрази сочувство во парламентот непосредно по утринската прес-конференција, велејќи дека фактот дека досега немало смртни случаи во поплавите е „едноставно чудо“.
Повеќе од 40.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови поради поројните дождови што предизвикаа поплави, а властите наредија нови евакуации во средата за жителите на западните региони на Сиднеј.