293
За време на нејзината посета на американските војници во Словачка, првата дама на САД Џил Бајден се сретна и со украински бегалци, жени и деца.
Бајден разговарала со семејствата кои побегнале од Украина, со волонтери и со работници од локалната самоуправа во бегалскиот центар во источниот словачки град Кошице, пренесува „Ројтерс“.
„Срцата на американскиот народ се со мајките на Украина“, изјавила Џил Бајден.