Првата дама на САД ја започна посетата на Романија и Словачка

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Првата дама на САД Џил Бајден денеска ја започна посетата на Романија и Словачка, при што ќе се сретне со семејствата раселени од војната во Украина.

„За мене и за претседателот (Џозеф Бајден) е многу важно народот на Украина да знае дека сме со нив“, им рече таа на новинарите.

Сојузниците на НАТО Романија и Словачка, која граничи со Украина, прифатија милиони бегалци, главно жени и деца.

Бајден ќе помине четири дена во Европа, на нејзиното второ патување во странство откако стана прва дама.

Слични содржини