Островската држава Барбадос го прошири својот дипломатски дофат на виртуелниот свет, откако беше првата суверена земја во светот што потпиша договор за основање дигитална амбасада во метаверзумот.
Владата на Барбадос во неделата официјално потпиша договор за основање на дигитална амбасада во „Децентраленд“, дигитално опкружување базирано на Итириум, објави „Coin Desk“, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на земјата. Технолошката платформа, исто така, го објави овој потег на Твитер.
So proud today to welcome the Government of Barbados to Decentraland, establishing the world's first metaverse embassy.https://t.co/Xu5RjAwhv4
— Decentraland (@decentraland) November 15, 2021
Островот не планира да го запре своето дигитално проширување и договара детали за слични договори со голем број други платформи за виртуелна реалност, вклучително и „Somnium Space“ и „Superworld“, соопшти Министерството.
Кога официјалните лица првпат ја одобрија амбасадата на метаверзумот во август, владата го опиша проектот како форма на „технолошка дипломатија“, велејќи дека може да ја отвори вратата за понатамошна културна размена со другите народи.
Планирано за јануари, отворањето на амбасадата ќе го направи Барбадос првата земја во светот која признава „дигитална суверена земја“.
Иако оваа иницијатива е сè уште во рана фаза и донекаде експериментална, таа ги следи и другите потези на оваа земја во последните години, вклучувајќи го и создавањето на електронскиот барбадоски долар во 2016 година.
Концептот беше предводен од актуелниот амбасадор на Барбадос во Обединетите Арапски Емирати, Габриел Абед, кој исто така ги предводи напорите за воспоставување на амбасада во метаверзумот, пренесува RT.