Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Валас.

Обуката е дел од британската програма која има за цел да обучи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, пишува „Гардијан“.

„Неодамна првата ротација на украински војници пристигна во Велика Британија. Овие украински војници ќе посетуваат курсеви засновани на основната воена обука на Велика Британија. Тоа вклучува обука за пожар, прва помош на бојното поле, обука на терен, тактика на патрола и запознавање со законите за вооружени конфликти“, се вели во соопштението на британското Министерство, пренесува „Танјуг“.

За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, објави „Ројтерс“.

Слични содржини