Првата ја остави без ништо, со втората се венча двапати: Сите жени на Илон Маск

од Nikola Popovski
453 прегледи

Милијардерот и бизнисмен покрај големото богатство е познат и по турбулентните врски.

Илон Маск зад себе има голем број неуспешни партнерски односи, но и скандали. Неговата најдолга врска била со писателката Џастин Вилсон во нивната младост. Двојката се венчала во 2000 година, а набргу потоа го добиле синот Невада, кој починал.

По оваа загуба Џастин и Илон сакале деца, па писателката направила комплицирана процедура, која завршила успешно, па родила близнаци. Потоа уште еднаш ја повториле постапката и добиле тројка.

Тие се развеле во 2008 година, а Џастин поради недоволно познавање на правната терминологија потпишала предбрачен договор со кој таа се откажала од сите права кои и припаѓаат како законска сопруга. Така Џастин останала без се што е стекнато во бракот. Единствено што добила е вила во Лос Анџелес, која по закон им припаѓа на нивните деца, па ќе ја добијат кога ќе станат полнолетни.

Разводот дошол на барање на Илон, кој решил да ги остави сопругата и петте деца.

Само шест недели по разводот, Илон се вери со британската актерка Талула Рајли. Многу помладата актерка се преселила во Лос Анџелес поради бизнисменот. Двојката се венчала во 2010 година, а бракот траел само две години.

Меѓутоа, во 2013 година двајцата се смириле, па повторно се венчале. Обидот за одржување на врската траел до 2016 година, кога конечно се развеле.

По разводот, актерката станала побогата за 16 милијарди долари.

EPA/PAUL BUCK

По Талула, милијардерот започнал врска со друга актерка, Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп. Нивната врска не траела долго, па парот не останал заедно ниту една година. За овој краток период тие често биле видени заедно, се појавувале во јавноста, а медиумите пишуваа за нивната врска. Илон на својата тогашна девојка и подарил автомобил Тесла.

Меѓутоа, нејзината мајка тогаш изјавила дека зад овој скапоцен гест се крие неговата потреба да држи се под контрола, што ја навело да се посомнева дека неговиот автомобил бил користен за следење и прислушување на актерката.

Раскинаа, како што соопштиле, поради големите обврски кои ги имаат на бизнис планот.

EPA-EFE/NEIL HALL

Амбер наводно го изневерувала актерот Џони Деп со Илон. Во тужбата против Амбер, Деп ги изнесе деталите според кои ја обвинува дека била со бизнисмен пред да поднесе барање за развод. Според наводите, Илон имал тројка со Амбер и манекенката Кара Делевињ во пентхаусот на актерот во Лос Анџелес во 2016 година.

Поради овие обвинувања, Маск ќе се појави и во судот како дел од тужбата меѓу Деп и Херд.

Последните три години Илон ги помина со пејачката Клер Елис Баучер, во јавноста попозната како Грајмс. Со неа има син, а му го одбраа необичното име X-AS 12. Пејачката и бизнисменот ја прекинале врската, па по раскинувањето добиле ќерка која ја нарекле Y. По раскинувањето , повторно се помириле, па пак се разделиле.

20thCentFox / Everett / Profimedia

И по оваа врска, Илон си најде нова девојка, австралиската актерка Наташа Басет. Наташа е 23 години помлада од Илон.

Слични содржини