Први фотографии на Џенифер Анистон по разделбата со Теру

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Актерката Џенифер Анистон во никој случај не може да се ослободи од папараците, а особено на неколку дена по разделбата со поранешниот сопруг и актер, Џастин Теру. Двајцата објавија дека започнуваат процес на развод, без да дадат конкретни причини за тоа.

И додека сите се прашуваат како Анистон го надминува тешкиот период, таа се приклучи на групата за вежбање во отворена спортска сала во Лос Анџелес.

Иако таа се обиде да се сокрие, а листата на членови на салата е врвна тајна, папараците успеаја да и влезат во трага и да ја фотографираат

На нив се гледа Анистон, се разбира, без шминка, во спортска облека, и поради напорните вежби во раните утрински часови, веќе беше испотена.

Еден вработените во салата побара од папараците да не ги сликаат нивните клиенти, и побараа накратко да се почитува приватноста на сите, вклучувајќи и на познатата актерка.

„Во моментов г-ѓа Анистон има потреба од мир и пријателите кои ја опкружуваат, додека во утрински групи се приклучи, бидејќи во текот на денот има премногу обврски“, изјави анонимен извор во американските медиуми.

Слични содржини