Први мај во Турција: Полицијата приведе десетици демонстранти

од Берта Китинска
257 прегледи

За време на првомајските протести во Турција, турската полиција приведе десетици демонстранти кои се обидоа да стигнат до главниот плоштад во Истанбул, Таксим, каде што не беа дозволени собири.

Демонстрантите се собраа да протестираат против економските тешкотии предизвикани од зголемената инфлација во земјата, јавува Ројтерс.