По одигрувањето на синоќешните натпревари првите победи на Светското ракометно првенство во Франција ги постигнаа вицешампионот Катар и Белорусија, додека домашната селекција е првата репрезентација со три победи.
На неделните натпревари беа постигнати следниве резултати: Франција – Норвешка 31:28, Бразил – Јапонија 27:24 (А група); Исланд – Тунис 22:22 (Б група);
Чиле – Германија 14:35, Саудиска Арабија – Белорусија 26:29 (Ц група);
Бахреин – Катар 22:32 и Аргентина – Шведска 17:35 (Д група).
Табела А група: Франција 6 бодови (3 натпревари), Норвешка 4 (3), Бразил 4(3), Русија 2 (2) Полска 0 (2) и Јапонија 0 (3).
Табела Б група: Словенија 4 (2), Македонија 4(2), Шпанија 4 (2), Исланд 1(3), Тунис 3(1), Ангола 0(2).
Табела Ц група: Германија 4(2), Хрватска 4 (2), Белорусија 2(2), Чиле 2(2), Унгарија 0 (2), Саудиска Арабија 0 (2).
Табела Д група: Шведска 4 (2), Данска 4 (2), Катар 2 (2), Египет 2(2), Аргентина 0 (2), Бахреин 0(2).
Денеска се играат седум натпревари/МИА