Први рендери на LG G8 (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
76 прегледи

На интернет се појавија први рендери на LG G8, кој најверојатно ќе го видиме во текот на мобилниот конгрес во Барселона следниот месец. Уредот нема заоблен дисплеј, а интересно е дека барем од рендерите не се гледаат конектори за втор екран. Потсетуваме дека пред неколку дена се појави информација дека G8 ќе има опција за втор екран преку надворешна заштитна обвивка, но барем од овие рендери не се гледа како таков би можел да биде прикачен.

Сликите покажуваат дисплеј со класичен „пресек“, во кој се наоѓа двојната камера за сиелфи. Очигледно од LG се одлучиле да не се потпираат на актуелните модни трендови за мали камери во самиот екран и ќе продолжат да користат т.н. „notch“. G8, исто така, има стандарден сензор за отпечатоци и стаклен заден панел. Изненадувачка е и двојната главна камера на задниот панел.

Според информациите на @OnLeaks дисплејот е со дијагонала 6,1-инчи и сооднос 19.5: 9, а димензиите на куќиштето се 152 x 72 x 8,4 mm. Меѓу добрата вест е 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки. За хардверот во моментов нема веродостојни информации, но речиси е сигурно дека ќе видиме чипсет Snapdragon 855. Не е исклучено исто LG да изненадат со вклучувањето на технологијата Sound on Display, која ќе овозможи на екранот да репродуцира звук.

Досега, постојат некои двосмислености за тоа дали уредот на сликите е навистина LG G8 или друг модел на компанијата. Претставник на LG негираше на Твитер дека ова е G8, но не ни очекуваме тој да ја потврди автентичноста на сликите. Претставник на „Android Police“, сепак, потврди дека тоа е LG G8, бидејќи веќе го видел уредот. Според него, со некои мали визуелни разлики, паметниот телефон ќе изгледа така.