Компанијата “Епл” планира да го лансира својот прв iPhone со флексибилен и виткачки дисплеј во 2018 година.
Компанијата користи сличен екран и за Apple Watch, базиран на технологијата наречена OLED. Новиот екран ќе биде доста светол и ќе ги покажува боите многу подобро од досегашните модели.Според изданието “Business Korea” со новиот екран компанијата ќе ги реши постоечките слабости на нивните телефони, имено недостатокот на заситеноста на боите и намалена осветленост.
Се очекува новата технологија да открие за “Епл” нови пазари, бидејќи компанијата ќе ги користи OLED за прв пат во своите водечки модели.