Првиот брод со жито наменет за Африка од почетокот на рускиот напад врз Украина се укотви денеска во пристаништето Пивдени кај Одеса, соопшти украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.
Товарниот брод „Brave Commander“ пристигна во пристаништето Пивденји. Оттаму, украинското жито ќе биде испорачано во Етиопија многу брзо“, напиша Кубраков на Твитер, пренесува Ројтерс.