149
Првиот брод со жито може да го напушти пристаништето Одеса во текот на денот, изјави информиран извор за агенцијата РИА Новости.
„Тоа е планирано за денеска, со исклучок на виша сила“, рече изворот, без да прецизира што може да значи „виша сила“.
На 22 јули, претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа договори за извоз на украинско жито и за укинување на ограничувањата за извоз на руски производи, додава агенцијата.