206
Првиот брод за крстарење во светот со 5G мрежа ќе биде испорачан во Кина подоцна оваа година, објави „Адора Круис“, кинески бренд на бродови за крстарење.
Компанијата соработуваше со China Telecom за да овозможи 5G поврзување на својот прв голем брод за крстарење од кинеско производство, кој воедно е и првиот брод за крстарење со 5G мрежа во светот, јавува China Radio International.
Бродот тежи 135.500 тони, има 2.125 гостински соби и може да превезува 5.246 патници.