Првиот Chevrolet Corvette ZR1 (2025) продаден за 3,7 милиони долари

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Првиот сериски модел на Chevrolet Corvette ZR1 (2025) беше продаден на аукција за 3,7 милиони долари, а купувач беше американскиот бизнисмен и автомобилски ентузијаст – Рик Хендрик.

Chevrolet ја продолжи својата традиција, со првата сериска Corvette ZR1 (2025) продадена на аукцијата Barrett-Jackson. Всушност, тоа е автомобил кој допрва треба да се произведува, но Хендрик веќе си го обезбеди. Со оглед на фактот дека производството допрва треба да започне, тој ќе има можност да ги избере опциите што ги сака, пишува Klix.

Хендрик во својата обемна колекција има постари и понови модели на Corvette, а броевите на шасијата на повеќето од нив завршуваат со броевите 001. Тој беше оној кој го купи првиот сериски C8, како и првите Z08, Z06 кабриолет и Corvette E-Ray. Секој од овие автомобили беше повеќе од милион долари, а најскап досега беше Z06 со цена од 3,6 милиони долари. Последното милениче на Хендрик ја освои титулата најскапо, бидејќи за него издвои 3,7 милиони долари.

Како што е веќе познато, ZR1 (2025) е најбрзиот и најмоќниот фабрички модел Corvette во историјата. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,3 секунди, а претседателот на GM, Марк Ројс достигна максимална брзина од 375 km/h.

Болидот беше тестиран и на Нирбургринг, но официјалните времиња на кругови не се објавени. Го придвижува LT7 5,5-литарскиот DOHC V8 твин-турбо мотор, кој испорачува 1.064 КС и 1.123 Nm вртежен момент и е поврзан со 8-брзински менувач со двојна спојка.

Chevrolet нема да ги задржи добиените пари, туку ќе ги донира на американскиот Црвен крст.

Слични содржини