Првиот отказ во Премиер лигата оваа сезона

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Првата тренерска глава падна во Премиер лигата оваа сезона. Таа му припаѓа на менаџерот на Борнмаут, Скот Паркер, за кого тешкиот пораз од Ливерпул со 9-0 беше последниот натпревар на чело на „црешите“. Иако во првото коло тимот од југот на Англија ја победи Астон Вила, после тоа повратниците во Премиер лигата имаа многу тежок распоред и мораа да играат последователно со Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул. Во тие три натпревари, Борнмаут прими вкупно 17 гола без ниту еден постигнат гол.

„Би сакал да изразам благодарност до Скот и неговиот тим за нивните напори за време на нивното време со нас. Нашата промоција назад во Премиер лигата под негово водство секогаш ќе остане запаметена како една од најуспешните сезони во нашата историја. Сепак, за да продолжиме да напредуваме како тим и клубот во целина, мора безусловно да се држиме до нашата стратегија за одржливо водење на клубот. Тоа е пристапот што му донесе толку голем успех на овој клуб во поновата историја и пристапот од кој нема да отстапиме сега. Потрагата по нов тренер ќе започне веднаш“, изјави сопственикот на Борнмаут, Максим Демин.

Гати О’Нил ќе биде привремен менаџер на тимот додека не се најде постојан наследник на Скот Паркер.