Првиот руски брод заплови во Мариупол, Киев тврди дека е направен грабеж

од Берта Китинска
383 прегледи

Портпаролот на пристаништето изјави за ТАС С дека на бродот ќе бидат натоварени 2.700 тони метал, кој ќе биде пренесен на 160 километри источно до рускиот град Ростов на Дон. Украинскиот омбудсман за човекови права Људмила Денисова рече дека оваа операција е грабеж извршен од Русија.

За прв пат откако Русија го зазеде Мариупол, товарен брод вплови во пристаништето на тој град.

Во извештајот на агенцијата ТАС С се наведува дека бродот впловил во пристаништето со цел да го натовари металот и да го пренесе на исток во Русија, што официјален Киев го окарактеризира како грабеж, пренесува Ројтерс.

Слични содржини