Првиот руски војник обвинет за воени злосторства: Застрелал цивил, му се заканува доживотен затвор

од Nikola Popovski
321 прегледи

Вадим Шисимарин, 21-годишен руски командант на тенковската дивизија на Кантемировскаја, е првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства. Шишимарин е обвинет за убиство на цивили на 28 февруари за време на борбите во регионот Суми во североисточна Украина.

Според обвинението, Шисимарин пукал во цивилен автомобил во селото Чупахивка, откако неговиот конвој со воени возила бил нападнат од украинските сили. Тој потоа возел автомобил со уште четворица војници додека се обидувал да им побегне од украинските борци.

Шишимарин, кој се наоѓа во притвор во Украина, е обвинет дека преку отворениот прозорец на автомобилот пукал во глава на невооружен маж (62) додека возел велосипед и зборувал на телефон, откако му било наредено „да убие цивил за да не да го пријави кај украинските бранители“. Злосторството, како што се наведува, се случило на „десетина метри“ од куќата на жртвата и е извршено со пушка АК-74.

„Обвинителите и истражителите на Службата за безбедност на Украина (СБУ) собраа доволно докази за неговата вмешаност во кршење на законите и обичаите на војната во комбинација со убиство со умисла. За овие дејствија му се заканува казна затвор од 10 до 15 години или доживотен затвор“, изјавил пред почетокот на судењето портпаролот на обвинителството.

„За неколку дена ќе почнат рочиштата за два други случаи, вклучувајќи го и судењето во отсуство на Михаил Романов, руски војник обвинет за силување и убиство. Тој е обвинет дека во март провалил во куќа во село во областа Бровари во близина на Киев, убивајќи маж, а потоа неколку пати силувал жена додека „им се заканувал на неа и на нејзиното малолетно дете со насилство и оружје“, пишува Гардијан.

Слични содржини