Првиот специјален Bentley Bentayga EWB продаден за милион долари

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Првиот прилагоден Bentley Bentayga EWB (продолжена верзија) беше продаден на аукција минатиот викенд за 1 милион долари.

Луксузниот теренец доби нов сопственик по аукцијата одржана во рамките на Napes Winter Wine фестивалот што се одржа во Флорида. Продолженото меѓуоскино растојание Bentayga собра 1 милион долари за непривилегираните деца кои живеат во округот Колиер.

Уникатниот теренец е дизајниран специјално за споменатиот фестивал на виното и е обоен со три слоја Snow Quarts боја, додека контрастот го прават црни детали и 22-инчни тркала со десет краци и Blackline спецификации. Има и Amethyst детали што ја красат внатрешноста, вклучувајќи го копчето за менувачот, панелите на вратите, шевовите и деталите за одредени области. Перничињата на задните седишта се виолетови, а во внатрешноста има и Naim звучници.

Купувачот на автомобил ќе има можност да учествува и во програмата Британско вонредно патување, која вклучува посета на фабриката на Bentley во Кру, како и патување во Шкотска и обиколка на имотот Macallan и дегустација на виски.