Alef Aeronautics, компанија од Сан Матео, Калифорнија, одлучи да биде првата што ќе донесе електричен летечки автомобил на пазарот. Нивната цел е тоа да го направат во следните три години, а неодамна го претставија и концептот на тоа возило наречен Alef Model A.
Значи, се работи за електричен летечки автомобил со каросерија која е покриена со мрежа под која се скриени осум пропелери. Неговите пропелери ги заменуваат традиционалните автомобилски мотори, така што е можно полетување директно во воздухот од конвенционален пат, без потреба од каква било писта.
Интересно е што по полетувањето каросеријата се навалува за 90 степени, така што горниот дел од автомобилот е свртен напред, а потоа пропелерите едноставно создаваат потисок што го придвижува автомобилот напред. Патничката кабина се ротира околу својата оска и останува во хоризонтална положба така што патниците можат да бидат свртени напред за време на летот
Цената на многу амбициозниот летечки автомобил би требало да изнесува околу 300.000 долари, а првите испораки до клиентите се очекуваат во 2025 година, смета основачот на оваа компанија Џим Духовни.

Alef Model A неодамна беше претставен на прес-конференција во Калифорнија, а има досег на возење од 322 километри и опсег на летот од 160 километри. Сепак, на презентацијата немаше пробен лет, па засега ни останува само да му веруваме на Alef.
Духовни го опиша моделот А како „првиот вистински летечки автомобил“ бидејќи може да ја користи постојната сообраќајна инфраструктура и не треба да користи писта за полетување. „Летечкиот автомобил мора да биде автомобил, што значи дека може да вози по нормална улица и да се паркира на нормален паркинг простор. Покрај тоа, треба да полета и вертикално“, изјави основачот на Alef Aeronautics.
Една од предностите на моделот А е тоа што доколку наиде на пречка на патот, потенцијално би можел да прелета и да слета по него, без да мора да се спушти на 90 степени. Сепак, компанијата додава дека нивниот летечки автомобил може да полета само во посебни области, бидејќи ќе биде потребна тесна соработка со контролорите на патиштата и воздушниот сообраќај за да се добие дозвола за летање.
https://www.youtube.com/watch?v=BHydrDL_zgM
Што се однесува до дизајнот, Alef Model A има интересен пар врати во пеперутка стил, кои се отвораат нагоре, но и едноставен ентериер со седишта во стил на тркачки автомобил. При летање настрана, телото покриено со мрежа дозволува воздухот да помине, одржувајќи го лесен и дозволувајќи му да остане во воздух без никакви безбедносни проблеми, според Alef Aeronautics.
Џим Духовни е програмер, дизајнер на софтвер, ентузијаст за научна фантастика и претприемач кој некогаш водел онлајн страница за коцкање наречена Intellectual Casino. Со други зборови, тој никогаш до сега не направил автомобил.
За 2030 година е планиран и Alef Model Z кој ќе има двојно поголем опсег но и цена од само 35.000 долари. Плановите на компанијата од Калифорнија се многу амбициозни, а дали се реални ќе покаже времето.