180
Во Швајцарија се одржаа првите истополови венчавки по референдумот одржан пред девет месеци на кој 64 отсто од граѓаните го поддржаа законот „Брак за сите“.
Законот ги прави истополовите партнери еднакви во правна смисла со хетеросексуалните парови, вклучувајќи го и правото на заеднички посвојување деца и гарантирањето на државјанството на сопружниците, пренесува АП.