Прво бебе по 40: Оливија Мун стана мајка

од Vladimir Zorba
238 прегледи

АКТЕРКАТА Оливија Мун стана мајка. На 42-годишна возраст, таа го доби своето прво дете со комичарот Џон Мулејни, потврдено е за магазинот „People“.

Извор близок до парот вели дека Оливија родила момче на 24 ноември.

„Отидов во Лос Анџелес пролетта, го запознав и почнав да излегувам со убава жена по име Оливија – Оливија Мун. Ќе станам татко. И двајцата сме навистина, навистина среќни“, изјави Џон на водителот Сет Мејерс за време на едно гостување во неговата емисија во септември.

За Оливија додаде дека таа му помогнала да се ослободи од зависноста од алкохол и кокаин.

„Среќен сум што ја запознав Оливија. Таа ме држеше за рака додека поминував низ тој пекол, а сега заедно ќе имаме бебе“, додал тој.

Парот одлучил дека не сакале да го знаат полот на бебето до неговото раѓање.

„Тоа е наш избор. Убаво е да се биде изненаден. Денес има малку изненадувања во животот“, изјави Оливија за Extra.

Слични содржини